Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмица ќе издвои 44 милиони денари за продолжување на проектот за гасификација

Струмица ќе издвои 44 милиони денари за продолжување на проектот  за гасификација

Проектот за гасификација во Струмица ќе продолжи и оваа година. Со овој проект на Општина Струмица и Ј.П. „Струмица – гас“, досега е изградена дистрибутивна гасоводна мрежа од 35 километри. Оваа година според предвиденото, секундарната дистрибутивна мрежа треба да се прошири за вкупна должина од максимум 14 километри.

За овој дел од проектот се одвоени околу 44 милиони денари. Секоја заинтересирана компанија може да учествува во тендерската постапка. Тие треба до 29 март за да ги достават своите понуди до општина Струмица.

Во Струмица во моментов се изведува гасификацијата на горните делови на градот, вклучувајќи го и старото градско јадро.

Слично

Поврзани вести