Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струмица доби десет електрични автобуси, еден чини 700.000 евра

Струмица доби десет електрични автобуси, еден чини 700.000 евра

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, ги доби клучевите од десетте електрични автобуси со кои за прв пат ќе започне организиран јавен превоз во Струмица.

Примопредавањето се изврши во кругот на Аутомакедонија, операторот кој ја изврши набавката.

Автобусите моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување и се очекува од 1 до 6 септември да бидат доставени во Струмица, а од 11 септември да бидат ставени во тест возење во траење од најмалку еден месец, период кога ќе има бесплатен јавен превоз за граѓаните, со цел да се отстранат евентуалните недостатоци.

-Испишуваме историја како граѓани на Струмица од причина што нашата општина досега немаше јавен превоз, а во исто време не може да се занемари фактот што Струмица е еден од градовите кој се соочува со енормна загаденост на воздухот. Кога се соочуваме со такви предизвици неопходно е да правиме револуционерни и радикални иницијативи и проекти како што е електрифицираниот јавен превоз со што стануваме првиот град на Балканот со имплементиран целосно електрифициран јавен превоз, изјави Костадинов.

Во иднина е планирано напојувањето на автобусите да се врши од фотоцентрала со капацитет од еден мегават.

За опозицијата, набавката е прескапа, бидејќи еден автобус чини 700.000 евра.

Автобусите во Струмица ќе бидат со капицитет од 21 седиште и 22 позиции за стоење.



Слично

Поврзани вести