Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струга забрани шетање по костими за капење во центарот на градот

Струга забрани шетање по костими за капење во центарот на градот

Општина Струга преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.

- Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште, од Чаршискиот мост до Зелениот пазар, се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, стои во информацијата на Општина Струга.

Во зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци.

- Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од таму.

Слично

Поврзани вести