Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струга не сака, Охрид сам ќе треба да „одврзе ќесе“ за евтини летови од „Апостол Павле“

Струга не сака, Охрид сам ќе треба да „одврзе ќесе“ за евтини летови од „Апостол Павле“
Струга и Охрид не се договорија заеднички да субвенционират евтини авиолинии од охридскиот аердором „Свети Апостол Павле“, објави Канал 5. Струшката општина не покажала интерес, па сега општина Охрид треба сама да ги субвенционира нискобуџетните авиокомпании да летаат од вториот аеродром во Македонија. „Изостана интересот од општина Струга, но тоа воопшто не не обесхрабрува Ние сме сигурни дека овој процес треба да му се случи на Охрид да се воведат евтини авиолинии и граѓаните на Охрид и локалната самоуправа и сите ќе ги осетат бенефитите“, изјавил Димитар Спасески секретар на општина Охрид. Во следните три години, Охрид за овие субвенции ќе издвојува по 12 милиони денари годишно од општинскиот буџет. „Авиокомпаниите ја разгледуваат понудата која што ќе ја дадат, и тоа секако понатака ќе си оди на тендер. Но, од нас тоа што бараат е да видат развоен буџет за три години, дека сме подготвени да субвенционираме. Така што ние сме подготвени тие средства да ги обезбедиме за да може да субвенционираме“, изјави Спасески. Првите нискобуџетни авиолинии од охридскиот аеродром се очекува да се воведат пред почетокот на летната сезона. Иако беше најавено дека Охрид ќе се поврзе со светските метрополи со евтини линии уште од почетокот на годинава, тоа сепак не се случи. Евтини редовни авиолинии сега треба да се воспостават со Словенија, Италија, Австрија и Швајцарија.
Слично

Поврзани вести