Економија, финансии, бизнис

Контакт

Струга ќе добие 3,5 метарски споменик од Косово

Струга ќе добие 3,5 метарски споменик од Косово

Струга како пријателски гест од Косово ќе добие 3,5 метарско спомен-обележје кое ќе биде поставено крај реката Црн Дрим до средината на месецов.

Ова е одобрено со одлука на мнозинството во струшкиот Совет на 15-тата седница, а подарокот ќе биде промен во знак на благодарност за гостопримноста на косовските бегалци во 1999.

На споменикот ќе стои натпис испишан на македонски, албански и англиски јазик и ќе биде подарок од Генералниот конзулат на Република Косово во Македонија.

„Во 1999 година, за време на војната, граѓаните од Косово во најтешки денови од својот живот се засолнија во струшките семејства, ќе ги чуваат од колено на колено своите незаборавни доживувања и спомени. Вечна благодарност до Струга и стружани“, се вели на плочата.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ, пак, обвинија дека ваквата одлука е донесена надвор од правна рамка, без минимум техничка документација.

фото Википедија/Лиридон

Слично

Поврзани вести