СТРУГА: Директорката на Браќа Миладиновци забранила да се пее македонската химна, спречен инцидент
Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, дознава МКД.мк. Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. Родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат.
„Нашето училиште има долга историја и отворањето на ова училиште датира од 1941 година со основно училиште до четврто одделение Битолски конгрес. Основното училиште до седмо одделение Лирија со работа започна по народно-ослободителната војна во 1945 година кога на позицијата директор на ова училиште беше поставен Зихди Кајанаку, а дел од наставниот кадар беа наставниците Мифит Синојмери, Џафер Наразани, Рефик Палоши, Хисен Палоши, Мексут Арифи, Сами Шеху, Хасан Шашко“, рекла таа.
Кажала дека историјата добива поинаков правец во 1958/59 година.
