СТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ПОСЕТАТА НА ПАПА ФРАНЦИСК: Чадор не смеете да носите, а без овој личен документ не излегувајте од дома
Македонија на големо се подготвува за првата посета на Светиот отец. Во вторник како никогаш досега безбедноста ќе биде на највисоко ниво а има и строги правила за однесување.
Она што треба да го знаете за доаѓањето на папата Франциск е дека не смеете од дома тој ден да излезете без важечки документ за идентификација а ако поминувате безбедносната зона ќе бидете подложени на безбедносна проверка.
Тоа значи дека во вторник со себе мора да имате лична карта или пасош.
Доколку временските услови пак донесат врнежи тогаш имајте на ум дека чадор не смеете да понесете. Затоа пак мантилот е дозволен за време на литургиската прослава.
Ако планирате да носите храна, внимавајте таа да биде спакувана во хартија а не во пластика. Цвеќе никако не смеете да имате ниту пак да фрлате додека поминува светиот отец а не заборавајте дека не смете ни да ракоплескате.
Во вторник јавниот превоз ќе биде бесплатен а пристапот до центарот на градот ќе биде ограничен.
