Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СТРОГИ КАЗНИ ЗА НАПУШТАЊЕ И НЕКОНТРОЛИРАНО РАЗМНОЖУВАЊЕ“: Анима Мунди бара измени на законот, објавија видео од фрлање мали кутриња

„СТРОГИ КАЗНИ ЗА НАПУШТАЊЕ И НЕКОНТРОЛИРАНО РАЗМНОЖУВАЊЕ“: Анима Мунди бара измени на законот, објавија видео од фрлање мали кутриња

Здружението „Анима мунди“ објави видео од сопственик на кутриња кој ги испушта на отворено во текот на ноќта, но случајна минувачка го снима и му укажува дека наместо на улица, требало да ја стелизира кучката која ја чува. 

Воедно од здружението укажуваат дека ваквите ситуации се причина повеќе за измени на Законот за заштита и благосостојба на животните. 

- Денес добивме видео: човек исфрла пет мали кучиња на улица, одземени од мајката која е негово куче. Случајна минувачка го прашува зошто го прави тоа и му укажува дека постојат бесплатни стерилизации, дека постојат решенија. Тој сепак ги остава, препуштени на глад, болести, опасности и сигурно страдање, смрт.

Ова е сурово, погрешно и општествено штетно. И токму ваквите постапки го произведуваат проблемот што сите подоцна го плаќаме, а животните со своите животи.

Науката за јавни политики е јасна: проблеми што произлегуваат од човечко однесување не се решаваат со собирање на последиците, туку со регулирање на изворот - нагласуваат од здружението. 

Потоа додаваат дека популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен - секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ - испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

- Клучно е и да разбереме дека не ни требаат повеќе стационари - ни треба систем што ќе ги празни, не што ќе ги полни! Отворање нови капацитети без да се запре приливот е како да отворате нови болници, а да не спречувате несреќи. Со секој нов објект без контрола на изворот, индиректно се праќа порака дека неодговорноста ќе биде „апсорбирана“ од системот.

Затоа инсистираме на итни системски мерки:

- измена на Законот за заштита и благосостојба на животните, согласно поднесените предлози

- масовна едукација за одговорно сопствеништво

- бесплатни и субвенционирани стерилизации, особено за ранливи категории

- активна инспекција на терен

- строги казни за напуштање и неконтролирано размножување

Без превенција нема решение. Само нови генерации фрлени на улица.

Ако лицето е во социјален ризик , системот треба да помогне. Но ако некој свесно напушта, мора да одговара. Законот не смее да биде мртва буква.

Општество што инвестира во превенција создава ред. Општество што плаќа само последици создава хроничен проблем - се напоменува во нивната објава. 

На крајот додаваат дека „Нема решение без систем а ни С од систем без одговорност. Линк до видеото. 


Фото: Архива/МИА

Слично

Поврзани вести