Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стравуваат ли Заев и Мицкоски од последиците ако пропадне реформата со СЈО?

Стравуваат ли Заев и Мицкоски од последиците ако пропадне реформата со СЈО?

Ниту Заев ниту Мицкоски не се спремни на компромис за СЈО, но и не сакаат вината за недоделување старт на преговорите за членство во ЕУ да биде префрлена на нивен грб поради неисполнетите реформи кои се ветени и за нив има силни обврски.

За конечно решение за статусот на СЈО како и на целокупна реформа на правосудството се уште има доволно време, па договор во очи на изборите и брзо изгласување во Собранието секако дека е возможно, но тоа ќе зависи од подготвеноста на двајцата лидери за компромис кој нема да го повреди начелото на правдата, а ќе даде гаранции дека нема политичарите и нивните соработници да добијат уште една политичка амнестија.

Мора да се создадат услови за процесирање на сите предмети пред лицето на правдата. Тоа што Заев и Мицкоски се сретнале инкогнито покажува дека процесот за наоѓање решение и натаму е жив. Тоа што загрижува е дека какво и да биде решението тоа ќе се базира на политичката волја на двајцата лидери а не на правната логика. Нови компромиси ќе придонесат сигурно за незадоволство во македонското општество кое гледа дека овие процеси не се базирани на демократски принципи во кои треба да има вклученост на сите, а не само на партиските поглавици кои повторно го поткопуваат авторитетот на институциите.

Еден од компромисите кои власта ќе мора да ги направи е ограничување на употребата на бомбите како докази и дека тие нема да бидат валидни за отворените предмети и истраги по определениот мандат на СЈО кој за оваа намена истече во јуни 2017 година.

Следен чекор ќе биде да се утврди кога опозицијата ќе може да назначи нов државен јавен обвинител што произлегува од принципите на Пржинскиот договор и по тој чекор да започне процедурата за нови парламентарни избори.

Мислејќи само на својот рејтинг Заев и Мицкоски навистина ризикуваат да добиеме негативен извештај од Европската комисија која нема да биде задоволна од досегашниот напредок на реформите. Хан и Могерини јасно укажаа дека потребно е правилно спроведување на законите и владеење на правото како и изградба на капацитет на институциите, наместо сите процеси да зависат единствено од калкулациите на партиите.

СЈО секако ќе продолжи да постои во одредена форма, ќе има сопствени ингеренции и буџет и ќе може да ги доврши започнатите предмети и ако е базирано на правилни законски одредби самиот персонал и челник нема да бидат од пресудно значење за спроведување на правдата и конечно расчистување со сите криминали како и продолжена битка со корупцијата и во иднина.

Без јасен мандат за гонење на сите осомничени политичари без оглед од која партија доаѓаат вклучувајќи ги и тие од ДУИ кои во континуитет се дел од власта ќе значи плетење на свилен гајтан за СЈО кое ќе се "удави" во селективна правда.

Х.С.

Слично

Поврзани вести