СТРАВУВА ОД БЕГСТВО: Обвинителката Фетаи бара притвор за Азири и Исмаиловиќ
„Кривичната постапка е пред самиот крај. Според динамиката на постапување и одлуките за прифаќање на последните два докази, јасно е дека доказната постапка за најмногу две рочишта би завршила. Имајќи предвид дека со приближувањето на моментот на одлучување што ние како обвинители цениме дека се темели исклучиво на доказите и фактите, а за кои обвинетите се свесни дека не се во нивни прилог, сметам дека мерките што се сега не се доволни за да спречат бегство. Со сите овие околности се запознаени и одбраната и обвинетите, што укажува атмосферата на тензичност“, рече Обвинителката Фатиме Фетаи на рочиште на случајот Монструм, објави тв 24.
На 31.10.2017 се укинаа пресудите на првостепените судови и предметот се врати на повторно одлучување и обвинетите со решение на Врховен од 01.12.2017 беа пуштени да се бранат од слобода и имаа алтернативни мерки, забрана за напуштање на Скопје и обврска повремено да се јавуваат во судот.
Обвинетите од поднесувањето на обвинението до првата пресуда во притвор поминале 18 месеци и 5 дена и до завршувањето на овој месец, може да бидат најмногу уште 3 месеци и 25 дена, па законскиот максимум кон обвинетите се уште не е исцрпен. И затоа барам против Агим и Фејзи да се определи притвор поради опасност од бегство, а против Хаки поради истата опасност секој ден да се јавува во судот. Агим нема државјанство, нема имот, не е женет и нема деца и поради тоа не претставува никаква тежина да премине за неполн час во Косово“ вели обвинителката Фатиме Фетаи.
По барањето на обвинителката реагираше адвокатот Насер Рауфи:
„Барањето е ирационално, намерата е крајно популистичка што и не е првпат. Јас сега ќе дадам предлог за изземање на обвинителката“.
