Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: На пат кон Копаоник се превртел македонски автобус

СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА: На пат кон Копаоник се превртел македонски автобус

Aвтобус од Македонија, кој превезувал патници кон Копаоник, се превртел на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, а според првичните информации oд српските медиуми, едно лице е тешко повредено, додека десетина патници поминале со полесни повреди.

- Тимот на брза помош на нашиот здравствен центар веднаш излегол на теренот, им помагал на повредените и во тек е нивно згрижување - потврдиле во Здравствениот дом во Блаце.

Причината за несреќата засега не е позната.

Имено патот Прокупље – Блаце, кај Белољин е во фаза на реконструкција а несреќата се случила околу 10 часот.


Фото: informer.rs/

Слично

Поврзани вести