Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАВ ОД ИНЦИДЕНТИ: Милошоски повика нивните членови да не одат на Мечкин Камен

СТРАВ ОД ИНЦИДЕНТИ: Милошоски повика нивните членови да не одат на Мечкин Камен

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска положија цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, при што ги повикаа нивните членови и симпатизери утре да ја одбегнат централната прослава бидејќи стравуваат дека некој сака да предизвика инциденти, пред сè поради обраќањето на собранискиот претседател, Талат Џафери.

„Денеска дојдовме да положиме букет пред споменикот на паднатите херои на Мечкин Камен.Тоа го правиме денес од две причини. Прво затоа што сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на истиот да дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери. Второ, затоа што имаме огромна чест како партија, која што ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им одадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република“- вели Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата предупредуваат на одлуки кои можат да го иритираат народот. 

Милошоски ги повика сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери и граѓани, да се воздржат од, како што рече, „давање легитимитет на прослави организирани од Владата на СДС и ДУИ“.

Слично

Поврзани вести