Економија, финансии, бизнис

Контакт

Страшно невреме во Скопје – најкритично во Стајковци

Страшно невреме во Скопје – најкритично во Стајковци

Обилни врнежи од дожд и силно невреме синоќа го зафатија Скопје, при што најкритично беше во Стајковци.

Таму ноќеска беа испратени припадници на војската и на специјалните единици.

Специјалните единици, претходно успеале да се пробијат до возилата што беа заглавени на скопската обиколница. Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина, поради свлечиште кое формирало насип, а водата влегувала и во возилата. Заглавените граѓани побараа помош преку социјалните мрежи.

Во населбата Ченто синоќа  на лице место излезе и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој изјави дека во тој дел е најкритично бидејќи од Скопска Црна Гора преку Булачани дошла огромна количина на вода и целата избила во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково.
„Тука се и од војската и полицијата, противпожарната единица, приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме се што се може. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот“ - кажа Трајановски.

Мобилизирани беа екипи на јавните претпријатија на градот Скопје, противпожарната единица, Водовод и канализација, комунална хигиена, водовод и патишта,  МВР и други.

unnamed-2-1024x626

unnamed-4-1024x661

Слично

Поврзани вести