СТРАШНИ СЦЕНИ ВО СТРУГА, убиени домашни и улични кучиња, „Анима мунди“ бара да се пронајде сторителот (Вознемирувачко видео)
Убиени десетина малски кучиња, но и домашни миленици во Струга, вели здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Тие во својата објава на Фејсбук страната објавија и видео од убиените кучиња.
- Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи - резултатот е оваа бруталност на која сведочат денеска жителите на градот Струга. Личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга - пишуваат од „Анима мунди“ во објавата на Фејсбук.
Од здружението реагираат зошто комуналната служба ги собрала убиени животни.
- И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство - посочуваат од „Анима мунди“.
Тие го прашуваат Министерство за внатрешни работи дали овој случај ќе ја добие правдата, а воедно бараат и Агенцијата за храна и ветеринарство да ги заштити животните како што е пропишано со законите.
- Апелираме до надлежните институции веднаш да ги преземат сите дејствија за сторителот да биде пронајден и кривично да одговара за ова масовно убиство. Никој нема за право да одзима нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето - подвлекуваат од Здружението за заштита на животни.
