Страшна сообраќајка во Струмица за среќа без жртви
Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила 40 минути по полноќ во Струмица, која за среќа не заврши со фатални последици.
На крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Ристоман Попчевски“ директно се судриле два автомобили марка „Пежо“. Автомобилот „Пежо 308“ го управувала Л.К. (50), а второто „Пежо 407“ со швајцарски ознаки го управувал малолетник роден 2001 година без возачка дозвола. Со него била и седумнаесетгодишна сопатничка.
Од ударот на двете возила „Пежо 308“ удрило во паркиран автомобил „опел астра“.
Од последиците од сударот двајцата возачи и сопатничката биле повредени и се пренесени на лекување во болницата во Струмица.
Полицијата извршила увид на местото на инцидентот
Слично
