Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - Малолетничка почина на пат кон болница

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД - Малолетничка почина на пат кон болница

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случи сообраќајна незгода во која живото го изгуби малолетничка. 

Како што накратко соопштуваат од МВР, малолетничка, за која МВР не откри детали починала откако во неа удрил мерцедес управуван од 45-годишниот возач Р.Н. 

- На 30.06.2023 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала. Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - се наведува во билтенот. 

Слично

Поврзани вести