СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЧАИР: Има и починати
При ископ на канал во близина на зграда во скопската населба Чаир, паднала земја врз неколку работници кои работеле на ископ на каналот.
Противпожарната екипа кога пристигнала на местото на несреќата успеала да извлече жив само еден работник кој е повреден и пренесен во Градската болница Наум Охридски. За жал останатите двајца потрупени со земја работници веќе биле починати.
Несреќата се случила во близина на основното училиште„Пенко“ во Чаир.
Слично
