Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ ОДНЕЛ И ТРЕТА ЖРТВА СПОРТИСТ - починал голманот Дамјан Танески од Штип

СТРАОТНИОТ ПОЖАР ВО КОЧАНИ ОДНЕЛ И ТРЕТА ЖРТВА СПОРТИСТ - починал голманот Дамјан Танески од Штип

Уште еден спортист, Дамјан Танески од Штип, го изгубил животот во страшниот пожар кој избувна во дискотека во Кочани.

Станува збор за голманот кој бранел во клубот Мал Ајакс. 

Имал само 18 години.

„Низ својата кариера која допрва требаше да се развива и да го чува голот, настапуваше за Мал Ајакс од Штип, беше во младинските категории на скопски Вардар, потоа беше дел од Брегалница и Кит Го од Пехчево“, информира штипската телвизија МНет.

Како што веќе беше објавено, во страотната трагедија во Штип загина и фудбалерот Андреј Лазаров, кој имаше само 25 години, како и кошаркатрот на Дини Баскет, Петар Ивановски, на само 20 години. 

Фото: Офнет

Слично

Поврзани вести