Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАОТНА НЕСРЕЌА СИНОЌА ВО КОЗЛЕ - загина младо момче возач на скутер

СТРАОТНА НЕСРЕЌА СИНОЌА ВО КОЗЛЕ - загина младо момче возач на скутер

Страотна сообраќајна несреќа се случила синоча на улицата „Козле“ во Скопје, а во неа, неофицијално, загина возач на скутер.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а голем дел од улицата е блокиран за сообраќај.

Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале мотоциклистот и два автомобила. Според сѐ уште непотврдени информации, жртвата е тинејџер, момче на возраст од 15-16 години.

Медиуми јавуваат дека брзата помош веднаш интервенирала, но не успеале да го спасат момчето.

Засега нема повеќе детали од полицијата околу причините за несреќата и околностите во кои се случила.

Слично

Поврзани вести