Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странски турист се пожали дека на секој чекор собирал смет во Охрид

Странски турист се пожали дека на секој чекор собирал смет во Охрид

Турист кој бил во Охрид се пожали дека има смет на многу места. 
„Ми се стега во грлото кога на секој чекор ви собирам отпадоци“, порача тој. 

Стари апарати, пластични шишиња, градежен шут во водите на Охридското езеро. Ваква слика затекнал турист шетајќи по Охрид. Пораката на туристот згрозен од некултурата на граѓаните ја објавија од  нуркачкиот клуб „Акватек". 

„Зарем не уживате во убавините на Охридското езеро. Знаете ли, постои некоја организација која се бори против ова? Охридски комуналец не е баш активен“, пишува туристот. 

Пораката беше објавена во оригинал на српски јазик. 

Нуркачкиот клуб претходно објави фотографии од када, како и од најдени плочки во езерото. 

Имиџот на Охрид се влошува и дадени се препораки од УНЕСКО кои треба да се реализираат, за да градот не го изгуби статусот на заштитено културно наследство. Проблем се и дивоградбите за кои има најави дека ќе бидат урнати. 

Слично

Поврзани вести