Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Резултатите од референдумот се фијаско или победа?

СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Резултатите од референдумот се фијаско или победа?

Странските медиуми имаат различни  видувања за референдумот кој се одржа вчера во Македонија. 

За едни ова е фијаско, за други победа. 

Во соседството, српски Курир ги пренесува изјавите на премиерог Зоран Заев, резултатите, но и пораката од САД. 

„Ден по фијаското во Македонија: Што сега?“, пишува Б92. 

„Над 90% од Македонците кои излегле гласале за промена на името“, пишува Слободна Далмација. 

„Над 90% се за Северна Македонија, сега на потег се пратениците“, пишува бугарската Нова тв. 

„Гардијан“ пишува дека Македонија е на праг на нова политичка криза по неочекувано ниската излезност на референдумот. 

 „Вашингтон пост“ пишува дека референдумот покажал дека мнозинство граѓани се за промена на името иако потенцира дека имало слаба излезност на гласачите. 

„Телеграф“ пишува дека на референдумот има победнички резултат во однос на промена на името и членство во ЕУ и НАТО, но дека слабата излезност може да го закочи прогресот.

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести