Странска служба ја известила АНБ пред една година дека на Груби му се заканува ликвидација?
Странска разузнавачка служба од соседството пред повеќе од една година ја известила Агенцијата за национална безбедност дека на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби му се заканува ликвидација од лице со криминално минато, според информации на ТВ 24.
Информацијата била проследена до Министерство за внатрешни работи, а потоа и до Основно јавно обвинителство, по што биле преземени мерки и изготвени службени белешки кои сега се користат како аргумент во постапката за определување мерка притвор.
Три службени белешки што од Министерство за внатрешни работи по автоматизам биле доставени до Основно јавно обвинителство се клучниот аргумент обвинителот Даниел Коцев да побара домашен притвор за ексвицепремиерот Артан Груби, повикувајќи се на загрозена безбедност во притвор.
Деновиве Груби се појави на граничниот премин Блаце каде полицијата го уапси, по повеќе од една година бегство и тој доби домашен притвор.