СТРАНСКА ПОМОШ
"Со што ли ги задолжи Слаѓана Тасева и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ та така верно и служат?
Сте слушнале ли некогаш во оваа наша транзициона гротеска посмешна приказна од оваа за “Трансперентност Македонија” и за нејзината извршна директорка Слаѓана Тасева.Тоа е невладина организација на која странците и даваат стотици илјади евра за да ја испитуваат корупцијата, а тие не водат сметководство. Таму извршна директорка е Тасева, која патем работи и како директорка на Полициската академија и е член во Антокорупцсиската комисија, и која како одговор на прашањето зошто сметките не им биле уредни, наоѓа оправдување во фактот дека немале доволно луѓе.
Тие не водат сметководство, а им кажуваат на другите како треба да работат. И плус ги судат дека се корумпирани. Ај сега биди мангуп и направи пародија на оваа приказна.
Утре кога “Транспарентност” ќе излезе со некаков индекс на корупција според кој Македонија ќе биде меѓу најкорумпираните земји, ние ќе треба сериозно да ги сфатиме. Особено ќе им веруваме кога индексот на корупција во Македонија на прес конференција ќе го презентира Слаѓана Тасева.
Целиот текст прочитајте го на Сакамдакажам.мк.
