Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТРАНИЦАТА НА ДИК СЕ УШТЕ НЕ РАБОТИ: Неофицијалните резултати се 46 мандати за „Можеме“, 44 за ВМРО-ДПМНЕ

СТРАНИЦАТА НА ДИК СЕ УШТЕ НЕ РАБОТИ: Неофицијалните резултати се 46 мандати за „Можеме“, 44 за ВМРО-ДПМНЕ

На страницата на Државната изборна комисија се уште не може да се видат најновите  резултатите од предвремените парламентарни избори. Веднаш по затворањето на избирачките места, веб-страницата на ДИК падна. 

Поради нецелосното профункционирање, само одвреме навреме може да се видат веќе објавените резултати, односно дека се обработени 3.421 избирачко место од вкупно 3.480 избирачки места и дека СДСМ со коалицијата „Можеме“ победи со 324.084 гласови или 36,12 отсто, пред коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто. 

Понатаму следуваат: ДУИ со 101.432 гласови или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива со 76.425 или 8,57 отсто, Левица со 37.420 или 4,17 отсто и ДПА СО 13.563 или 1,51 отсто.

Според овие се уште неофицијални резултати 46 пратенички мандати има коалицијата „Можеме“, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои освоија 44 места во Парламентот.  ДУИ имаат 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.



Слично

Поврзани вести