Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странците ќе дадат повеќе пари против загадувањето отколку Владата

Странците ќе дадат повеќе пари против загадувањето отколку Владата


Странските донатори ќе дадат повеќе пари против аерозагадувањето, отколку македонската Влада, ако се суди по најновата изјава на Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина и раководител на интер-ресорската група која се справува со овој проблем.

Во бу=џетот за 2019-та предвидени се 1,6 милиони евра против загадувањето на воздухот, но Макрадули смета дека многу повеќе ќе дадат организации од Шведска, Јапонија, САД....

- Не сакам да лицитирам, но шведската агенција СИДА треба да издвои 2,5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици кои не функциониираат и да се обноват останатите - рече Макрадули, кој не спомена колкава биу била вкупната сума од сите странски организации заедно.

Макрадули најави дека резултатите ќе бидат видливи за две години, бидејќи станува збор за план во рамки на кој ќе бидат преземени низа активности. Тој очекува со овој план загадувањето да се намали за 50 проценти.



Слично

Поврзани вести