Странците ги нема, голем пад на директните странски инвестиции
Голем пад на директни странски инвестиции во првиот квартал. Според податоците од Народната банка на Република Македонија, првото тромесечје годинава влегле само 53 милиони евра , наспроти 80,2 милиони евра инвестиции во истиот период минатата година.
Во 2012 година во државава се реализирале 104,8 милиони евра странски директни инвестиции, а во најголема мера се резултат на значителните одливи регистрирани од земјава кон странство.
Годинава во март има 7,9 милиони евра инвестиции, во јануари имало 28,8 милиони евра, а во февруари 16,4 милиони евра, соопштуват од НБРМ.
Според планот, Владата годинава планира да привлече инвестиции од 400 до 500 милиони евра. Неодамна Владата назначи и нов министер за странски инвестиции, Џери Наумоф кој со колегите Веле Самак и Бил Павлески ќе треба да ја подобри состојбата со странските инвестиции во земјава.
Слично
