Економија, финансии, бизнис

Контакт

Странци се изгубиле на Галичица

Странци се изгубиле на Галичица

Спасени се двајца странски државјани кои се изгубиле на Галичица.

Планинската спасителна служба (ПСС), преку СВР-Охрид на 26 мај добиле дојава дека на територијата на Националниот парк „Галичица“ се изгубени две лица, странски државјани.

Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапиле во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одредиле нивната локација, на 1,5 километри југоисточно од Пештани, по што започнала акцијата за нивно безбедно извлекување.

Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му биле потребни два часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу два часа за нивна безбедна евакуација.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести