Се грижиме ли за страдањето на душата: проблем што бара решение
-Грижата за душата треба да биде заедно со сите други грижи. Треба еднакво да се грижиме и за здравото тело и за здравата душа. Тоа да биде паралелно, бидејќи нема нешто што е поважно. Така што, тоа е едно двојство што не може да се раздвои и мораме да водиме сметка за тоа. Ако нѐ боли главата ден – два, одиме по лекари, веднаш се интересираме што е проблемот. Зошто не бараме помош кога имаме тежина во душата, стравови, кога постојано сме вознемирени, односно гледаме промени кај себеси и ништо не не интересира? Треба веднаш да се побара стручна помош. Значи, важна е грижата за менталното здравје уште од најрана возраст, децата да пораснат со сознанието дека таа е дел од нивното секојдневно живеење, исто како што се важни часовите по фискултура, спортувањето, начинот на исхрана, така треба да се внимава на сопствените емоции, вели во анализата за МИА Претседателот на Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска.
Според неа, во најголем број случаи причината е депресија, но постојат и други фактори, како што се трауми, пострауматски стрес, различни органски болести, при што се менува начинот на доживување на околината, на себеси…
Во врска со тоа дали социјалното отуѓување на луѓето едни од други е една од причините, тие да се затвораат во себе, да не разговараат дури ни со најблиски пријатели, па дури ни со психолози, психијатри и се одлучуваат да извршат самоубиство, таа потенцира дека најверојатно во ова модерно живеење таа социјална отуѓеност придонесува да се зголеми бројот на самоубиства, затоа што голем дел од луѓето се чувствуваат изолирани, осамени, напуштени, неприфатени.
Целата анализа читајте ја тука.