Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотина студенти измамени: Платиле да заминат на работа во Германија, останаа и без пари и дома

Стотина студенти измамени: Платиле да заминат на работа во Германија, останаа и без пари и дома

Туристичка агенција измами околу стотина студенти ширум државата дека ќе им обезбеди работа во Германија, но за возврат студентите добија само лажни ветувања и изговори.

Студентите кои изгубија стотици евра денеска се собраа  пред канцеларијата на агенција за посредување при работа  во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија. Пред агенциите и во Скопје и во Штип тие наидоа на затворени врати и соопштение на кое пишува дека вработените се на годишен одмор.

Како што изјавија студентите лагата ја откриле на 15 минатиот месец кога требало да замине првата група.

Наместо тргнување, измамените слушале грст изговори, а првиот бил дека не пристигнале сите работни дозволи.

Студентите требало да работат во бутиците „Зара“, рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и досега требало веќе да се заминати. Студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите. 

Се работи за агенцијата „Венера Кемаловски“ а беспомошните студенти го повикуваат господинот Емран Кемаловски,засега неостапен и скриен, конечно јавно да се произнесе за ситуацијата и да ја превземе во целост одговорноста за изиграните студенти.

Слично

Поврзани вести