Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стотина пријави за штети по првиот ден од земјотресот во Битола, комисијата има рок од 360 дена

Стотина пријави за штети по првиот ден од земјотресот во Битола, комисијата има рок од 360 дена

Во првиот ден по земјотресот во Битола поднесени се стотина пријави за штети од граѓани, беше кажано денеска пред медиумите по координативниот состанок на кризниот штаб.

Кризниот координатор Горан Милевски рече дека одреден процент од штетите ќе плати Владата, а одреден процент самата Општина Битола.

„Тлото не се смириува, земјотресите се постојани, а тоа резултира со психоза кај граѓаните. Законски за 360 дена комисијата треба да поднесе извештај за штетите, но се согласивме да го направи тоа што побрзо и пообјективно“, рече министерот за локална самоуправа.

Од јавните објекти пријавени се оштетувања во една  градинка, потоа во Техничкото училиште, во битолската Клиничка болница, објект  кој е граден пред половина век, а оштетено е и старото градско јадро како културна целина.

„Болницата треба да се реновира, комисијата да даде побрза проценка да се интервенира со финансиска поддршка од ресорните министерка. Треба да се види кај подрачните училишта во селата дали може да се користат за учење или да се најдат нови простории“, додаде Милевски.



Слично

Поврзани вести