Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОТИЦИ ЖИВОТИ ВО ОПАСНОСТ: Стефковски ги повикува граѓаните на претпазливост, нема сигнализација на пригата од Хиподром кон Трубарево

СТОТИЦИ ЖИВОТИ ВО ОПАСНОСТ: Стефковски ги повикува граѓаните на претпазливост, нема сигнализација на пригата од Хиподром кон Трубарево

Откако пред една недела, жителите на Гази Баба на социјалните мрежи споделуваа видео во кое се гледаше воз како проаѓа преку улица, без никаква сигналзиација на пругата, се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

„ Постапувајќи по Вашите забелешки и барања околу не функционирањето на сообраќајната сигнализација на пругата на патниот правец од Хиподром кон Трубарево, како локална самоуправа испративме писмен допис до ЈП Железници Инфраструктура од кои денес по е-маил добивме одговор дека сигнализацијата не е во функција поради сообраќајна несреќа која се случила на 05.10.2023 година од која настрадала бетонската куќичка во која била опремата за функционирање на патниот превоз и истата била уништена, а за целиот овој период моторовозачите биле известени дека е потребно да превземаат мерки за безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжени се при приближување до патниот премин да застане, да го обезбеди и да продолжи со возење на возот. Ваквиот одговор кај мене предизвикува сериозна загриженост по безбедноста на нашите граѓани и од тие причини повикувам на голема претпазливост при преминувањето на посочената локација.Дополнително утре ќе испратам допис со нагласување за итно постапување до Министерството за транспорт и врски во кое ќе побарам превземање на мерки за итно надминување на ваквата состојба.Недозволиво е цели 26 денови да не фунцкионира сигнализацијата на преминот!Безбедноста на граѓаните е пред и над се и ваквата состојба мора веднаш да се надмине!

Слично

Поврзани вести