Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопирана изградбата на нов објект во стариот дел на Охрид, пријава против инвеститорот

Стопирана изградбата на нов објект во стариот дел на Охрид, пријава против инвеститорот

Државниот градежен инспекторат соопти дека постапува откако на почетокот на месецов екоактивистите објавија дека нов голем објект се гради во старото градско јадро во Охрид, за кое важи посебен закон за културно наследство од особено значење.

Констатирано е дека инвеститорот граден без дозвола. Од инспекторатот известуваат дека градежните активности се стопирани, а против инвеститорот е поднесена пријава.

„Ве информираме дека Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. 

При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.

Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи“, соопшти инспекторатот.

Со градење на нови објекти во старото градско јадро на Охрид може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1980 година.


Слично

Поврзани вести