Стопиран чартер лет од Франкфурт за Македонија, патниците не сакале да летаат со 737 Max 8
Чартер-лет од Франкурт за Скопје бил одложен додека не се најде нов воздухоплов, бидејќи според редовниот распоред требало да се лета со фамозниот модел на Боинг - 737 Max 8, кој за кратко време доживеа две несреќи во Индонезија и Етиопија.
Веста за „Билд“ ја потврди туристичкиот гуру во Германија, Кеј П. Родегра, кој е адвокат и професор по патничко и воздухопловно право. За „Билд“ тој потврди дека во моментов нема хаос на германските аеродроми, иако се избегнува овој тип на авион кој го замени стариот Боинг.
- Во Франкфурт, забраната во средата влијаеше на само два лета. Едниот е лет до Варшава. „Забранетото“ летало ќе биде заменето со друг авион. Дополнително, откажан е чартер лет до Македонија. Патниците ќе бидат префрлени на други летови - изјави Родегра.
Како што вели тој, немало откажувања ниту одложувања на аеродормите во Берлин, Келн, Бон, Хановер, Хамбург, како и во Лајпциг и Дрезден, каде што ретко полетува овој тип на авион.
Според експертите, во моментов ума доволно резервни авиони така што не се очекуваат поголеми нарушувања во редовните летови.
