СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВТОР ДЕН ВО НИШ НА ВАКЦИНАЦИЈА: Се очекува и денеска повеќе од 1.000 граѓани да бидат вакцинирани
Започна вториот ден од акцијата за имунизација на македонските стопанственици, која ја организира Стопанската комора на Северна Македонија.
Според информациите на дежурните наши екипи на граничниот премин Табановце, протокот на возила се одвива со континуирана динамика преку 6 коловозни ленти, а процесот на вакцинација во Ниш е започнат навремено. За стопанствениците пријавени преку Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација и со поддршка на Стопанската комора на Србија и колегите во Регионалната комора во Ниш, процесот се одвива на посебно договорени пунктови, без застој.
Се очекува исто како и вчера, повеќе од 1.000 македонски стопанственици да бидат вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум.
Слично
