Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОПАНСКА БАНКА СО ПОМАЛА ЗАРАБОТКА ОД ЛАНИ, НО СЕПАК СО ДЕБЕЛО КОНТО - еве како сработија минатата година

СТОПАНСКА БАНКА СО ПОМАЛА ЗАРАБОТКА ОД ЛАНИ, НО СЕПАК СО ДЕБЕЛО КОНТО - еве како сработија минатата година

Една од поголемите домашни банки објави дека успеа да ја заврши изминатата 2025 година со позитивен биланс иако годината ја одбележа постепена економска стабилизација, иако глобалниот амбиент и понатаму беше исполнет со геополитички тензии, нарушени синџири на снабдување и забавена динамикакајводечките економии. 

Стопанска банка АД - Скопје согласно извештајот објавен на Македонска берза ја заврши годината со заработка која надминува 50 милиони евра (54,1 милиони евра).

- Банкарскиот сектор остана стабилен, ликвиден и соодветно капитализиран, обезбедувајќи континуирана поддршка за економската активност. Квалитетот на кредитното портфолио се задржа на стабилно ниво, со умерен тренд на намалување на нефункционалните кредити, што дополнително придонесе за стабилноста на банкарскиот систем.

Показателите за ликвидност и адекватност на капиталот останаа значително над регулаторните минимални прагови, што укажува на соодветна отпорност на системот на потенцијални шокови. Депозитната база продолжи да расте, при што депозитите на домаќинствата и корпоративниот сектор ја одржаа доминантната структура на финансирање, обезбедувајќи стабилна основа за кредитна поддршка и финансиска посредничка активност - се појаснува во анализата. 

Потоа укажаа дека во вака опишаните услови, Стопанска банка - АД Скопје во текот на 2025 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. 

Добивката пред оданочување и исправка на вредност изнесува 5.195.430 илјади денари (84,4 милиони евра), што е 2 отсто помалку споредено со претходната година. 

- Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.491.716 илјади денари, што е за 27 проценти повеќе споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења.

Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 31.12.2025 година изнесува 3.703.714 илјади денари (54,1 милион евра). Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик - се појаснува во Анализата. 

П.О.

Слично

Поврзани вести