Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска банка Скопје со рекорден профит од 24,5 милион евра!

Стопанска банка Скопје со рекорден профит од 24,5 милион евра!
Македонските граѓани, фирми, здруженија, институции во депозити во „Стопанска банка Скопје“ на крај на 2014 година имале безмалку 1,1 милијарди евра „Стопанска банка Скопје“ оствари профит од 1,51 милијарди денари (24,55 милиони евра) во 2014 година што претставува рекордно највисока добивка од годишно работење во историјата на таа банка, покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави банката. Извонредниот финансиски резултат на банката наједноснавно речено е резултат на тоа што банката навреме пред конкуренцијата го фати сегментот население во земјава и успеа да одржи континуитет во лидерската позиција кај кредитирањето на население. Од оваа перспектива таа одлука била визионерска затоа што банката сега има одлична наплата и пласмани на кредити за разлика од конкурентни банки кои во фокус го имаа кредитирањето на стопанството и сега бележат послаби финансиски резултати. Најважни параметри од работењето во 2014 година во однос на 2013 година се следниве: нето приходи од камати повисоки за 5,4 милиони евра, нето приходи од провизии повисоки за 875.450 евра, депозитите од коминтенти (со исклучок на банки) повисоки за 44,5 милиони евра, раст на кредитните пласмани за 54,4 милиони евра и на крај како сублимат раст на профитот за 8,48 милиони евра во однос на 2013 година. Навистина фасцинанти резултати на банката која годинава прослави јубилеј 70 години постоење. Нето приходите од камати лани достигнале вредност од 3,13 милијарди денари односно 50,8 милиони евра. Тоа значи дека просечно дневно од камати оваа банка имала нето приход од 139.232 евра. Од втората по големина приходна ставка: провизии и надоместоци банката остварила 15,6 милиони евра што значи дека шатерските работници ширум земјава просечно дневно за „Стопанска банка“ придонесувале со 42.740 евра. Агрегатот на двете најголеми приходни ставки на оваа банка просечно дневно и носел нето приходи  од околу 182.000 евра. Во оваа година банката бележи и раст на депозитната база и тоа за 2,74 милијарди денари до износ од 65,9 милијарди денари (безмалку 1,1 милијарди евра). Кредитирањето лани достигнало износ од 51,4 милијарди денари што претставува раст од 3,35 милијарди денари или 7 отсто во споредба со нивото од 2013 година.
Слично

Поврзани вести