Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска Банка: Нема најава за промена на сопственоста!

Стопанска Банка: Нема најава за промена на сопственоста!

Не постои официјална најава за каква било промена на структурата на акционерите на Стопанска банка, информираат од Банката.

- Добро познато е дека Стопанска банка АД – Скопје работи со континуиран успех и со финансиска независност од НБГ групацијата и продолжува успешно да работи во согласност со регулативата и под супервизија на Народната Банка на Република Македонија, велат од Банката.

Грчкиот весник „Катимерини“ денеска објави дека Националната банка на Грција (НБГ) ќе се повлече од пазарите во Југоисточна Европа, во рамки на договорот, склучен меѓу грчката кредитна институција и Европската комисија.

Според весникот, Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се повлече од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија и Србија.

Слично

Поврзани вести