Стопанска Банка – Битола пристигна и во Охрид
Со навршувањето на 18 годишнината од постоењето на Стопанска Банка Битола како независна банка и 65 годишнината од појавувањето на пазарот во 1948 та година, банката основа нова експозитура во Охрид.
Стопанска банка Битола продолжува со експанзија на бизнисот и низ останатите градови низ Републиката. Со влегувањето во Охрид со нова експозитура, Стопанска банка Битола ја заокружува бројката од 15 експозитури низ Македонија, што само ја потврдува определбата на менаџментот за поагресивен настап на делување во финансискиот сектор.
Експозитурата во Охрид е особено значајна, посебно заради интенцијата на банката да се развие овој регион, кој ќе покрива население од 50 илјади луѓе.
„Отворањето на оваа експозитура е од извонредно значење за охридско пелагонискиот регон кој останува наш главен таргет, во поддршка на еден регион со извонредни потенцијали за ширење на бизнисот. Во прво време експозитурата во Охрид ќе биде логистичка поддршка и за останатите градови кои гравитираат во овој регион од Македонија. Со оглед на плановите на банката за развој на кредитирањето, посебно во поддршка на малиот бизнис и граѓаните, цениме дека станува збор за одличен чекор од кој бенефит ќе има дури и туризмот во нашиот главен туристички центар“, изјави Владимир Ефтимовски, претседател на УО на Стопанска Банка Битола.
Со експозитурата во Охрид се надополнува планот на Стопанска Банка Битола за континуираното ширење на мрежата, а според планот, предвидено е во наредниот период отворање на експозитури во сите градови во Македонија кои бројат над 30 илјади жители.
Територијалната експанзија на банката е само еден од успешните деловни потези во мозаикот кој почна да го создава новиот менаџмнет на банката. Плановите за експанзија на Банката се мотивирани и од постојаниот раст на клиенти, правни и физички лица, што покажува дека банката се движи во добар правец, по почетната консолидација, откако новиот менаџмент презеде серија чекори за зголемување на профитабилноста во работењето.Тука секако се надоврзуваат и минатогодишните финансиски резултати, каде банката регистрираше драстично намалување на загубата, каде тековната загуба е 4,7 пати помала од загубата остварена во периодот јануари-март 2012 година.
Стопанска Банка Битола веќе е присутна во 8 поголеми градови низ земјата,а тоа што е интересно е што токму годинава, ова е трета отворена експозитура, по веќе отворените две во Скопје, од кои едната веќе функционира како бизнис центар за покривање на скопскиот регион. Во Скопје Стопанска Банка Битола е присустна со 5 свои експозитури .

Слично