Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стопанска Банка а.д. Битола: Финансиски лидер на просперитетот и развојот на Македонија

Стопанска Банка а.д. Битола: Финансиски лидер на просперитетот и развојот на Македонија
Реномираниот магазин International Banker ја оценува Стопанска Банка а.д Битола како една од водечките банки кои покажале врвни перформанси во Република Македонија, остварувајќи значителен пораст во бројот на клиенти и обемот на кредитни и платежни активности. Како резултат на севкупниот пораст на деловната активност на Банката, во текот на 2014 година, СТББТ успева да го зголеми и вројот на вработени. Магазинот го нотира и конзистентното унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди Стопанска Банка а.д Битола. Преку учеството на банката во најголемите инвестициски програми на земјата, во делот на индустријата,електрификацијата, патната инфраструктура, земјоделието и туризмот, со текот на годините, успехот на СТББТ е директно поврзан со економската виталност на Република Македонија. Магазинот International Banker забележува дека голем уддел во впечатливиот развој на Банката има нејзиниот континуиран развој и понуда на нови производи и услуги. Изразениот и посебен пристап кон работата со физички лица е избор на банката преку кој таа позитивно се издвојува од конкурентските банки. Редовно се ревидира портфолиото на производи и услуги, за да се осигура компетитивноста. Истовремено, со ентузијазам се промовираат нови иновативни програми и производи, со цел привлекување на нови клиенти и надградба на постоечката база на клиенти. Магазинот ја оценува годината и како особено успешна за секторот за работа со правни лица на банката. СТББТ го зголемила своето корпоративно кредитно портфолио за 10.26%, додека депозитите се зголемиле за огромни 39.18%, со што се зацврстува лидерската позиција на пазарот. Секторот за работа со правни лица нуди широк спектар на кредитни производи и депозити со конкурентни каматни стапки, сериозна брзина и ефикасност во доделувањето на кредитите, со што се помагаат индивидуални планови за развој на правните лица. Магазинот се осврува и на 14. јасни стратегиски цели, кои ги има поставено Стопанска Банка а.д Битола за периодот 2014-2019 година. При поставувањето на целите, земени се во предвид потребите на клиентите, очекуваните промени на деловната клима, како и внатрешните проекции за пораст на банката. Банката ја потврдува нејзината посветеност кон клиентите и ја проширува својата мрежа на експозитури. Стопанска Банка а.д Битола има поставено и финансиски цели, помеѓу кои е просечен годишен пораст од 12.24% на вкупните средства на банката, како и годишен пораст од 12.14% на кредити на нефинансиски правни лица, со посебен осврт на кредитирање на мали и средни претпријатија. Анализата се осврнува и на вниманието кое Стопанска Банка а.д Битола го посветува на имплементирањето на најновите технологии во банкарскиот сектор, со што темелно ја прилагодува и развива својата достапност кон клиентите. Нотирана е и општествено одговорната улога на банката во македонското општество. Стопанска Банка а.д Битола е инволвирана во најразлични проекти и активности кои помагаат онаму каде што е најпотребно. На самиот крај на анализата, магазинот International Banker констатира дека, Стопанска Банка а.д Битола, покажува спремност, на најдобар можен начин, да се соочи со сите искушенија во наредниот период.
Слично

Поврзани вести