Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Стоп за Вардариште“ во посета на депонијата, бараат надлежните да преземат низа мерки

„Стоп за Вардариште“ во посета на депонијата, бараат надлежните да преземат низа мерки

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ од утрово со активности против дивата депонија Вардариште. 

Собирањето започна во 7:20 часот пред мостот Близнак, а оттука, во 07:30 продолжија кон Вардариште, каде во 8:30 почнаа со разгледување на ситуацијата. 

Според најавите, во 8:45 на посетата треба да се приклучи и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски, кој ќе одговара на нивните прашања.

Вчера од таму ги повикаа надлежните на останатите институции до кои, како што велат се имаат обратено да им се приклучат и заедно да го посетат Вардариште, за да им ги презентираат конкретните мерки кои ќе бидат преземени веднаш, а не пo локалните избори.

„Воспоставување 24-часовен јавно достапен видео-надзор на депонијата Вардариште. Воспоставување 24-часовно физичко обезбедување на Вардариште. Итно иселување и соодветно згрижување на лицата кои живеат бесправно на територијата на Вардариште. Поставување на ограда околу Вардариште. Започнување на процес за конечно затворање на Вардариште. Откривање и казнување на потпалувачите и организаторите на пожарите. Ригорозни мерки против граѓани и правни субјекти кои ќе продолжат да фрлаат отпад во Вардариште“, се дел од барањата на иницијативата.

Слично

Поврзани вести