Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОП ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: В петок стартува забраната на територијата на Скопје

СТОП ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: В петок стартува забраната на територијата на Скопје

Од Град Скопје информираат дека од петок (19.12.2014 година) стртува времениот сообраќаен  режим  на забрана за движење на товарни моторни возила на подрачјето на Град Скопје.  Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје.

Од ова решение се иземаат возилата кои превезуваат добиток, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива која врши градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Слично

Поврзани вести