Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОП за тешки товарни возила на патот Скопје-Охрид-Скопје

СТОП за тешки товарни возила на патот Скопје-Охрид-Скопје

Од утре стартува забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А2 делница, Скопје - Охрид - Скопје.

Камиони со маса која надминува 7,5 тони не смеат да се движат по овој патен правец.

Времениот режим на сообраќај важи ќе трае три месеци, односно од јули до септември, и се однесува за три дена петок , сабота и недела.

Во петок важи во периодот од  15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот, недела од 07.00 до 22.00 часот.

Денеска сообраќајот низ патиштава на Македонија се одвива по влажни коловози, а се апелира на внимателност при возењето посебно на делниците каде што се вршат градежни работи и  на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Возете внимателно и почитувајте ја поставената сгнализација на местата каде што се изведуваат градежните активности.

Слично

Поврзани вести