Економија, финансии, бизнис

Контакт

Стоп за државни возила, мобилни телефони и службени канцеларии во предизборието

Стоп за државни возила, мобилни телефони и службени канцеларии во предизборието

Со цел да спречи користење на државните ресурси за време на локалните избори Владата најави дека ќе забрани користење на државните возила, мобилните, службените канцеларии на општините во текот на предизборието

Таа ќе може да го разреши и директорот на МРТВ доколку ОБСЕ/ОДИХР во извештајот за избор на градоначалници и локални совети оцени дека јавниот сервис не известувал избалансирано. Ова се две од 11те мерки кои ги предвидува 3-6-9 планот во делот на реформи за изборите, а кои беа најавени од вицепремиерот за европски прашања.

„Претстојните локални избори означуваат крај на првата фаза која треба да донесе важна оценка дали навистина сме се вратиле на евроинтегративниот процес и генерално на демократскиот пат. Оттука, локалните избори коишто претстојат се круна на делот 3 од Планот 3-6-9“, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи за денешната трибина посветена на „Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 во делот на изборите“.

Тој посочи дека кредибилни и слободни избори се важна одредница врз основа на која ќе бидеме оценети од меѓународните партнери.

„Локалните избори кои доаѓаат се почеток на нова етапа. Демократско остварување на правото на гласот и фер политичка конкуренција се основен предуслов за враќање на вистинскиот пат и се предуслов за евоатланските интеграции на земјата. Важно е да успееме процесот на евроинтеграции да го издвоиме од дневната политика и ја повикувам опозицијата да биде дел од овој процес“, потенцираше Османи.

Слично

Поврзани вести