Економија, финансии, бизнис

Контакт

Здравствениот работник Ферди Шакири настрадал во пожарот во Тетово

Здравствениот работник Ферди Шакири настрадал во пожарот во Тетово

Во пожарот во модуларната болница во Тетово, загинал и здавствениот работник Ферди Шакири. 

Во објавата на Фејсбук не е наведено во кое својство Шакири се нашол во монтажната болница, односно дали таму работел, бил како пациент или придружба на пациент.

„Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот поижар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, стои во објавата на Фејсбук.


Во пожарот загинаа 14 луѓе. Во Македонија е прогласена тридневна жалост. 

Слично

Поврзани вести