Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Стоматологијата е професија на иднината, студентите денес брзо прифаќаат технологии, но тешко е да им го задржите вниманието“ - Доц.д-р Соња Роголева Ѓуровски

„Стоматологијата е професија на иднината, студентите денес брзо прифаќаат технологии, но тешко е да им го задржите вниманието“ - Доц.д-р Соња Роголева Ѓуровски

„Има клиенти што бараат насмевка иста како на зачувана фотографија, избелувањето не е опасно, но не треба да се претерува“ - Доц.д-р Соња Роголева Ѓуровски за Женски Магазин зборуваше за стоматологијата како професија, за трендовите, но и за работата како универзитетски професор чијашто работа е да креира нови генерации млади професионалци.

Доц. д-р Соња Роголева Ѓуровски (33) e специјалист по орална хирургија и доктор на стоматолошки науки. Таа има задача да им предава на идните генерации стоматолози и да ги обучува во оваа професија, но истовремено работи и како клинички стоматолог.

Таа потекнува и живее во Радовиш, град во кој што, како што и самата вели, ги изградила темелите на своите вредности. Но, секојдневно патува на релација Радовиш – Штип, каде работи.

„По професија сум доктор по дентална медицина, специјалист по орална хирургија и доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитет Гоце Делчев - Штип. Имам 33 години, но зад мене стои континуиран и посветен професионален развој воден од верувањето дека постојаното учење и вложен труд е суштината на вистинскиот напредок. Паралелно со академската дејност, активно работам со пациенти во Стоматолошка ординација во Штип. Својата професија ја живеам со љубов, бидејќи ми овозможува истовремено да едуцирам, да помагам и да создавам нови насмевки“ – вели таа.

Во интервју за Женски Магазин со Соња разговаравме за стоматологијата како идна професија, за предизвиците што таа ги носи, но таа ни откри и повеќе детали за тоа што денес значи поимот блескава насмевка и кои се предизвиците со кои таа како стоматолог се соочува.

ЖМ: За почеток, како започна вашата приказна со стоматологијата и што ве мотивираше да го изберете токму овој повик?

Мојата приказна со стоматологијата започна од желбата да бидам дел од професија која спојува медицина, естетика и човечка комуникација.

Ме привлече можноста преку знаење и вештина директно да влијаам врз квалитетот на животот на луѓето. Насмевката е првиот впечаток што го оставаме, а сознанието дека можам да помогнам некој повторно самоуверено да се насмее беше најсилната мотивација.

ЖМ: Дали стоматологијата беше ваш прв избор или љубовта кон професијата дојде со текот на времето? Дали стоматологијата нуди сигурна и стабилна кариера?

Стоматологијата беше мој свесен и јасен избор уште од самиот почеток.

Со текот на времето таа прерасна во вистинска страст и животна мисија. Станува збор за професија која нуди стабилна и сигурна кариера, но успехот никогаш не доаѓа сам по себе – потребни се континуирана едукација, дисциплина и посветеност.

ЖМ: Како доцент на УГД, дали сметате дека стоматологијата е професија на иднината и зошто младите би требало да ја изберат?

Апсолутно. Стоматологијата е професија на иднината бидејќи современиот човек сè повеќе вложува во здравје, превенција и естетика.

Денес оваа гранка на медицината брзо напредува со дигитални технологии, имплантологија и минимално инвазивни третмани. За младите тоа значи динамична професија, интелектуален предизвик и можност да создадат успешна кариера со реално влијание врз луѓето.

Во продолжение интервјуто на Роголева за Женски магазин....

Слично

Поврзани вести