Столтенберг за ратификацијата: Честитки, Северна Македонија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Шпанскиот сенат кој денеска го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија. На својот твитер профил тој напиша:
„Шпанскиот Сенат штотуку го ратификуваше членството на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите земји членки и посакаа добредојде на наскоро 30-тата земја членка. Честитки, Северна Македонија“, напиша Столтенберг на својот твитер профил.
Шпанија е 29-тата, последна земја членка на НАТО што го ратификуваше нашиот пристапен протокол, со тоа заврши процесот на ратификација кај сите сојузници. Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров се заблагодари на Шпанија.
Слично
