Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТОЛТЕНБЕРГ ЗА МАКЕДОНИЈА: Сум јадел полнети пиперки, ja паметам песната Рингер рингер раја

СТОЛТЕНБЕРГ ЗА МАКЕДОНИЈА: Сум јадел полнети пиперки, ja паметам песната  Рингер рингер раја

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред македонските пратеници рече дека јадел полнети пиперки и ја знае песната „Ринге ринге раја“.

Столтенберг попладнево се обрати пред македонските пратеници. Рече дека Западен Балкан има посебно место во неговото срце, бидејќи додека неговиот татко работел во амбасадата на Норвешка во екс СФРЈ тој често доаѓал тука. Се сеќава дека тука го јадел и првиот сладолед.

„Рингер рингер раја, песната која завршуваше со чуч или друг збор ја паметам. Сум јадел полнети пиперки и имам сѐ уште многу пријатели низ Западен Балкан. Често доаѓам да ги посетам како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО Алијансата“, рече Столтенберг.

Во 2018 година бил тука за отворањето на улицата „Столтенбергова“ која го носи името на неговиот татко кој е почесен граѓанин на Скопје. 

„Тоа беше признание за неговите напорни и напорните на мојата мајка за да им се помогне на повредените од земјотресот во 1963 година. Моите родители, но и многу други беа трогнати, но во исто време ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка, но и им помогнаа на многумина кои останаа без дом поради оваа природна катастрофа“, додаде Столтенберг.

Во својот говор рече ѝ дека неговите родители учестувале во трансформацијата на болницата Козле која и ден денеска се грижи за децата и е пример за модерна болница во регионот.

Кажа дека НАТО внимателно следи што прави Русија во Западен Балкан,  но додава дека не гледа воена закана од Русија за која било членка на НАТО или за регионот.

Слично

Поврзани вести