Економија, финансии, бизнис

Контакт

Столтенберг: Вие сте на прагот на вратата која е отворена за влез во НАТО

Столтенберг: Вие сте на прагот на вратата која е отворена за влез во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг  на денешната заедничка прес конференција со премиерот Заев го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција.

Тој од говорницата истакна дека очекува лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ја поканат Македонија да почне  раговори за пристапување

„Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион'“, кажа Столтенберг.

Она што тој го потенцираше сепак, е дека без финализирање на договорот Македонија нема да може да се приклучи во НАТО.

Слично

Поврзани вести