Столтенберг слетува вечерва, ќе го пречека Шекеринска а со кој ќе има средби овие два дена?
18:45 е часот кога авионот со кој генералниот секретар на НАТО доаѓа во Скопје, ќе ги спуштил крилјата над метрополата.
На скопскиот аеродром Столтенберг ќе биде пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Два дена во Скопје, првиот човек на НАТО ќе има средби со високи претставници.
Од Владата ја најавија официјално средбата со премиерот, со министерката за одбрана но и со други високи официјални лица.
Освен со владините претставници, Столтенберг ќе го посети и Стајковци но и касарната Илинден каде ќе присуствува на показна вежба на припадниците на специјалните сили, но ќе се сретне и со шефот на државата и со собранискиот спикер Џафери.
Дека Скопје е пред дипломатска офанзива потврдува и доаѓањето на канцеларката Меркел во сабота и посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц ден претходно односно в петок.
