Столтенберг: Сега владините и политичките лидери треба да ги завршат националните процедури
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката да се пристапи кон уставни измени.
„Сега владините и политичките лидери треба да ги завршат националните процедури за спогодбата за името и да ја искористат оваа историска можност да ја доведат земјата во # НАТО“, напиша Столтенберг на Твитер.

Сите западни политичари ја поздравија одлуката која синоќа ја донесе македонското Собрание. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ помогнаа власта да обезбеди двотретинско мнозинство за гласање.
Слично
